Не постои град на планетата што може да се спореди со Париз кога станува збор за романса.
Тој е дом на најпознатите светски сликари, писатели, пејачи и модни дизајнери и како таков е претставен во најубаво светло на сите можни начини, како на платно, така и во песни. Париз изобилува со опојниот призвук на љубовта и ако вашиот пат ве однесе во своите прегратки, навистина треба да се предадете на неговата привлечност.
Не е ни чудо што се нарекува Град на љубовта и што како таков се наоѓа на листата на секој заљубен пар. Сепак, дури и да сте соло, можете да уживате во убавината на Париз исто како што би уживале кога би се држеле за рака на вашата сакана. Во нашата галерија ви ги откриваме романтичните работи кои ве очекуваат во Париз, а освен тоа никогаш не знаете каде ве чека љубовта.
ПРОШЕТАЈТЕ ПО БРЕГОТ НА РЕКАТА СЕНА

Едноставно и многу романтично искуство на кое можете да се препуштите за време на престојот во Париз е прошетката покрај брегот на Сена. Французите го измислија терминот „flaneur“, што значи да одите полека по улицата додека набљудувате сè околу себе. Тоа е нешто сосема различно од класичното одење по улица. Дозволете си да ве понесе убавината на природата, која си најде свое мало место во оваа урбана метропола.
РОМАНТИЧНО ВОЗЕЊЕ СО БРОД ПО РЕКАТА СЕНА

Доколку сакате да понесете со себе незаборавни спомени поврзани со реката Сена и Париз воопшто, не пропуштајте ја можноста да се прошетате со брод и да го набљудувате градот од поинаква перспектива. Ќе имате можност да ги видите прекрасните музеи и галерии кои благодатно стојат во близина на брегот, но и да уживате во ветрето од реката и топлината на сончевите зраци, на зајдисонце. Најромантичните возења се секако околу зајдисонце.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПАРИЗ ОД ВРВОТ НА ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА

Доколку сакате да имате уникатен поглед на Париз од 360 степени, локацијата на која треба да се упатите е самиот врв на Триумфалната капија. Тоа е едно од најдобрите места за да се види големината на овој прекрасен град. Без оглед на времето од денот, кога сте на врвот на Триумфалната капија, ќе разберете зошто Париз се нарекува не само „Град на љубовта“, туку и „Град на светлината“.
ПОСЕТА НА МУЗЕЈОТ ЛУВР ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ

Повеќето луѓе го посетуваат овој најпознат музеј во светот преку ден. Сепак, за уникатно искуство треба да го посетите во доцните вечерни часови. Имено, два дена во неделата, среда и петок, музејот е отворен до 21:45 часот и нуди многу поинтересно искуство бидејќи е исполнет со необична тишина. Отсуството на луѓе го надополнува извонредното осветлување кое целиот простор го претвора во бајка.
„ЗАКЛУЧЕТЕ ЈА ЉУБОВТА“ НА МОСТОТ PONT DU NEUF

Како посебно „почестување“ на вашата романтична листа на работи што треба да ги правите во Париз, е „заклучување на вашата љубов“ со помош на мал катанец на оградата на мостот, кој се протега до островот Ле де ла.На катанецот изгравирај или напишете ги вашите иницијали и оној на кој му го дадовте срцето, а потоа фрлете го клучот во реката.
