Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Елегантно издание на првата дама на Франција: Брижит Макрон блесна во црно…

Францускиот претседател Емануел Макрон по трет пат беше домаќин во Ватикан со папата Франциско, со кого се сретна во придружба на неговата сопруга, 69-годишната Брижит Макрон. Првата дама на Франција во оваа прилика целосно се придржуваше до протоколот на Ватикан во однос на облекувањето.

Приватната аудиенција кај Папата е важен настан, а изборот на облека за оваа пригода е многу важно прашање кое го регулира илјадагодишната традиција. Ватиканскиот протокол вели дека за време на средбата со папата жените треба да носат долги ракави, свечена црна облека и црн превез. Сепак, од 80-тите години, строгиот кодекс на облекување, кој пропишува костум за мажи и црн фустан и вел за жени, стана многу помалку ригорозен.

Како и во 2018 година на аудиенцијата кај папата, така и овојпат Брижит Макрон го следеше пропишаниот дрес код облечена во црн фустан со строг крој до колена, без деколте и со скриени раменици.

Наместо превез од тантела, кој гостите на Папата го носеа во последните години само кога доаѓаат без придружба, првата дама избра да ја носи косата во француска пунџа за да го заокружи целото издание со класични фризури од високата класа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement