Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гламурозен изглед Бела Хадид! Познатата манекенка маѓепса со елеганција во златна тоалета со длабоко деколте…

Синоќа во Њујорк се одржа 16-тото доделување на наградите „Златно срце“, а многу познати фаци не сакаа да ја пропуштат можноста да блеснат на црвениот тепих. Главна ѕвезда на вечерта несомнено беше американската манекенка Бела Хадид, која на галата пристигна во придружба на нејзината мајка, Јоланда Хадид, поранешна манекенка и телевизиско лице. Познатата бринета, која редовно ги освојува улиците на Големото јаболко со стилски улични изданија, овој пат блесна во никогаш попрефинета креација во која го отелотвори позлатениот холивудски гламур…

Бела Хадид, 26-годишна манекенка, се најде на листата на гости на 16-тото доделување на наградите Golden Heart.Познатата убавица привлекува внимание каде и да се појави, а истото беше случај и на гламурозната вечера што се одржа синоќа во Њујорк.

Иако е поддржувач на винтиџ и ретки креации од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, помладата сестра на супермоделот Џиџи Хадид овој пат облече фустан со малку понов датум.

Нејзиниот избор падна на префинет златен фустан со долги ракави, кој се стега на половината.

Дизајнот на оваа гламурозна креација го потпишува американскиот бренд Michael Kors ,а претставена е во претстојната колекција пролет/лето 2023 година.

Изданието кoe комбинира ретро гламур и современ дизајн,Хадид го комплетираше со златни сандали со врвки со висока потпетица.

Рафинираниот изглед го заокружи со златни висечки обетки, неутрална шминка, а косата ја врза во елегантна залижана пунџа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement