Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

MATTEL И ОДАВА ПОЧИТ НА ТИНА ТРАНЕР СО НОВА КУКЛА БАРБИ…

Mattel во четвртокот лансираше нова кукла по моделот на легендарната пејачка Тина Тарнер, како дел од колекцијата Signature Music Series.

Познатиот бренд и оддаде почит на музичката икона со своето ново ограничено издание на куклата Тина Тарнер, која беше лансирана во чест на хит-песната „What’s Love Got to Do With It“, добитник на Греми од 1984 година.

Новата кукла Барби има реплика на облеката што ја носеше Тина Тарнер – црн мини фустан, тексас јакна, проѕирни црни хулахопки и црни чевли со високи потпетици. Сепак, најзабележителна карактеристика е косата со волумен и текстура, стил кој пејачката често го носеше тогаш.

„Од млада девојка која пее во нејзиниот хор во селската црква во Тенеси,за покасно да стане неприкосновена легендарна икона и призната „Кралица на рокенролот“, Барби ја слави невидената музичка кариера и патување на Тина Тарнер“, рече Mattel.

Новата кукла на познатата пејачка е најновото дополнување на музичката серија Barbie Signature, која вклучува и кукли на Глорија Естефан, Елвис Присли, Дејвид Боуви и Елтон Џон.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement