Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Прогласена за жена со најдобар стил на светот: Зад себе ги остави Кејт Мидлтон, Ким Кардашијан и Ријана…

Дури три дами од британскиот двор се најдоа на листата на највлијателни жени во светот кога е модата во прашање, но сигурно се прашувате која славна дама излезе на врвот?

Студијата на експерти за ткаенина во Dalston Mill Fabrics ги анализирала податоците од пребарувањето на Google за различни поими поврзани со стилот за повеќе од 200 познати дами ширум светот за да се утврди кој има највлијателен стил, пишува Yorkshireeveningpost.co.uk.

Можеби ќе бидете изненадени, но пејачката Аријана Гранде го зазеде првото место со просечни 59.150 пребарувања секој месец ширум светот за термини поврзани со нејзиниот стил.

Манекенката Кендал Џенер се најде на второто место на листата, а најпопуларниот термин за нејзино пребарување е „Кендал Џенер стил“.

На третото место се најде пејачката Били Ајлиш со просечни 52.300 пребарувања секој месец.

Само на четвртото место се најде принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која е дамата со најмногу стилско и модно влијание во Велика Британија.

На петтото место се најде ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, а на шестото манекенката Хејли Бибер.

Седмото место го зазеде уште еден член од семејството Кардашијан, Кајли Џенер, а осмо пејачката Ријана.

Манекенката Бела Хадид го зазеде деветтото место, а покојната принцеза Дијана десетто. Иако Дајана трагично загина во 1997 година, нејзиниот стил сè уште се бара и анализира.

Следуваа имињата на познатите дами како: Одри Хепберн, Селена Гомез, Меган Маркл (која го зазеде 13-тото место).

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement