Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Причината е бизарна: Само едно од шесте деца би можело да го наследи богатството на Анџелина Џоли?

Актерката Анџелина Џоли, наводно, високо ја цени лојалноста, толку многу што едно од нејзините деца ќе биде наградено што и е лојално во тешки моменти.

Анџелина Џоли и Бред Пит со години се борат за старателството над своите деца, а тоа трае толку долго што многумина веруваат дека дури и најмалите од нивните деца ќе станат полнолетни пред еден од родителите да биде задоволен од исходот на судење.

Двојката има шест деца заедно, од кои најстарото е Медокс (21), кого актерката го посвои кога бракот со актерот Били Боб Торнтон се распаѓаше, а Бред го посвои откако почнаа да живеат заедно. Тука се и Захара (17), Шајло (16), Пакс (18) и близнаците Вивиен и Нокс (14).

Како што пишуваа медиумите пред неколку години, иако Анџелина е посветена мајка на сите нејзини деца, само едно од нив би можело да наследи дел од нејзиното богатство. Имено, американските медиуми во 2019 година пишуваа дека актерката решила да го награди својот најстар син затоа што ја поддржал во правната битка со Бред Пит.

Богатството на Анџелина се проценува на 120 милиони долари, а од тоа наводно најмногу ќе извлече Медокс. Таа, наводно, не е среќна што ниту едно од нејзините деца, освен Медокс, целосно и несомнено застанало на нејзина страна, бидејќи расправијата со Пит трае, со исклучок на Медокс, кој бил покрај неа цело време. Се тврди дека тој самиот бил физички нападнат од татко му за време на инцидент во авион во 2016 година, кога Пит, според обвинувањата на Анџелина Џоли, се нафрлил врз неа, го полил семејството со пиво и вино и сакал да го задави едно од нивните деца. Се шпекулира дека се работи за Медокс.

Извори блиски до Бред Пит тогаш изјавија дека актерот е вознемирен бидејќи актерката не планира да вклучува други деца во тестаментот и секогаш го третира Медокс како „златното дете“.

  • Бред е целосно бесен поради нејзините потези – изјави тогаш инсајдерот. – Конечно изгледаше како да постигнуваат некаков компромис по разводот, но тој беше изненаден од ова за Медокс.

Најстарото дете на Анџелина Џоли и Бред Пит студира биотехнологија во Јужна Кореја, поради што се одвои од семејството и живее во Азија. Затоа ретко го гледаме со мајка му, браќата и сестрите, а кај татко му со години не е забележлив.

Актерката го посвои во 2002 година, по снимањето на филмот за Лара Крофт во Камбоџа, со помош на агентот за посвојување Лорин Галиндо, која подоцна заврши во затвор под обвинение за фалсификување американски визи за сирачиња во Азија.

Откако во август оваа година се појавија фотографии од модринки и детали од физичкиот напад на Бред Пит врз семејството во 2016 година, Анџелина Џоли реши да поднесе тужба против нејзиниот поранешен сопруг, со детали за малтретирањето што таа и децата го доживеале.

  • Пит почнал да го дави едното дете, а другото го удрил по лице – стои во документите, а опишан е и моментот кога актерот ја нападнал Анџелина. – Во еден момент ја полил Џоли со пиво, а потоа и на децата со пиво и црвено вино.

Наводно, се започнало затоа што Бред Пит ја обвинил Анџелина Џоли дека е премногу снисходлива со нивните деца, по што тие отишле во тоалет, а тој почнал да вика, а потоа ја нападнал.

– Пит ја зграпчил Џоли за глава и ја занишал а потоа ја фатил за раменици и ја турнал во ѕидот од бањата. Потоа повеќе пати го удрил таванот на авионот.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement