Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Вака изгледал појадокот на Мерлин Монро: пред туширање, таа сама подготвувала необичен пијалок…

Кога станува збор за нејзината витка линија, Мерилин имала и едноставна рутина за вежбање.

Иако поминаа 60 години од смртта на Мерлин Монро, нејзиниот приватен живот се уште е интересен за многу луѓе. Додека некои ги интересира како го поминувала слободното време, со кого се гледала и каде била, други ги интересира како ја одржува фигурата на која и позавидуваат сите овие години.

За среќа, нејзиното интервју во кое зборувала за своите прехранбени навики е снимено. Како што рекла тогаш, пред утринското туширање, подготвувала појадок што ретко кој би можел да го изеде.

  • Две сурови јајца ги ставам во млеко, ги матам со вилушка и пијам додека се облекувам. Во тој микс додавам мултивитаминска таблета, па се сомневам дека некој доктор би можел да препорача поздрав појадок за зафатена девојка која нема многу време – изјавила тогаш Мерилин, а пренесува Womansworld.

Кога станува збор за нејзината вечера, Мерилин откри дека честопати застанувала на пазарот во близина на нејзиниот хотел по снимањето за да земе месо кое и самата го печела на скара.

  • Земам стек, јагнешки котлети или џигер, кои ги печам во електричната рерна во мојата соба. Обично јадам четири или пет сирови моркови. Никогаш не се заморувам од сировите моркови – изјавила холивудската дива.

Мерилин била и физички активна, а за да остане во форма имала своја едноставна рутина.

  • Никогаш не се замарав со вежби. Сега секое утро најмалку 10 минути кревам тегови со мали тежини. Развив свои вежби за мускулите што сакам да ги задржам силни. Легнувам на подот до креветот и ја започнувам првата вежба. Тоа е едноставна вежба за зајакнување на градите која се состои од кревање тегови од 2,2 кг од испружена положба до над главата. Полека ја повторувам оваа вежба 15 пати. Потоа ја повторувам истата рутина уште 15 пати, но ја започнувам од позиција со рацете над главата. Потоа, со рацете под агол од 45 степени во однос на подот, правам кругови со тегови во рацете додека не се заморам. Не сметам во одреден ритам како оние што водат вежби на радио. Не би можела да издржам вежбање доколку имам строго дефиниран режим – изјавила Мерилин.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement