Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НАЈТАЖНИТЕ СИНИ ОЧИ НА ХОЛИВУД: Татко и бил обвинет за грозоморен чин, а потоа починал…

Парис Џексон е единствената ќерка на Мајкл Џексон, а сега во јавност е видена во разголено издание.

Нема некој што не слушнал за кралот на попот Мајкл Џексон, но многумина не знаат ништо за неговите деца. Имено, Мајкл во 1990-тите имал две деца, синот Мајкл Џозеф Втори и ќерката Парис, а Парис сега во јавноста се појави во прилично гола состојба.

24-годишната Парис се прошета во центарот на Лос Анџелес во чипкаст, проѕирен градник и го покажа своето тетовирано тело, а сите беа изненадени од нејзиниот гол изглед.Таа носеше многу накит, како и кратки сатенски шорцеви.

Парис вообичаено се занимава со манекенство, глума и музика, но многумина слушнале за неа првенствено како девојка со најубавите сини очи во Холивуд, чие срце го скршила прераната смрт на нејзиниот татко Мајкл во 2009 година. Да потсетиме дека пејачот почина во јуни 2009 година од срцев удар поради предозирање со апчиња. Ги криел своите здравствени проблеми, а подоцна било откриено дека боледува од цела низа болести. Инаку, пред смртта бил омразен поради обвинувањата дека сексуално злоставувал деца и дека бил педофил.

Инаку, Парис е родена за време на вториот брак на Мајкл со медицинската сестра Деби Роу, а имаат и постар син Принц. Парис живеела со својот татко до неговата смрт, а признала дека смртта на нејзиниот татко и оставила голема траума поради која неколку пати се обидела да си го одземе животот, а била и зависничка од дрога. Таа често зборува за многуте трауми кои ги доживеала поради смртта на нејзиниот татко, а критичарите велат дека на ниту еден начин не заслужила да биде ѕвезда.

Парис еднаш се бореше со своите психолошки проблеми и менталното здравје. Пред неколку години се обиде да се самоубие, а и самата јавно проговори за тежок период од нејзиниот живот. Таа пред две години призна дека се бори со недостаток на самодоверба и искривена слика за сопственото тело и никогаш не криела дека намерно се повредила.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement