Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Менито со кое Опра Винфри ослабе 20 килограми: Појадокот е најважен, а таа се збогуваше со овие намирници…

Познатата американска водителка со години се бореше со вишокот килограми, а потоа реши да ги земе работите во свои раце и еднаш засекогаш да се ослободи од нив.Светски познатата водителка Опра Винфри со години е под будното око на камерата и признава дека често и било тешко да го сокрие незадоволството од својот изглед на телевизија.Како што сите знаат, камерата сепак додава неколку килограми, а тоа воопшто не и помогнало.

Со години се бореше и се обидуваше на различни начини да се ослободи од вишокот килограми. Сепак, таа стави крај на стариот начин на живот во 2015 година кога реши да биде емотивно, физички и психички здрава.

Потоа целосно го променила начинот на исхрана и килограмите почнале да се топат. Резултатите беа видливи брзо, а таа се чувствуваше фантастично.

Ви ги откриваме тајните кои Опра им ги откри на странските медиуми. Еве како изгледа нејзиниот ден кога е исхраната во прашање.

Појадок – Сендвич со јајце, авокадо, шунка и домат на леб од цели зрна и чај. Како што вели, најмногу сака индиски чај, на кој додава цимет, ѓумбир, ванила, сето тоа по вкус.

Ручек – супа од домати и салата од кељ или тестенини со ракчиња. Секогаш јаде зеленчук со супа, а често избира кељ. Сварените тестенини ги подготвува со малку маслиново масло, сол, бибер, рендан кромид и 3 лажици рендано сирење. На крајот во тестенините се додаваат ракчиња на скара, а по желба јадењето може да се прелие со домати и рукола.

Вечера – риба, често треска, но може да биде и друга, со додаток на зеленчук. Како што наведува водителката, често пие вино или коктел.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement