Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Гвен Стефани неодамна наполни 53 години: Нејзиниот младешки изглед е тема број 1..

Некои тврдат дека пејачката „старее наназад“, додека други тврдат дека направила пластична операција.

Поранешната фронтменка на групата „No Doubt“, Гвен Стефан изгради успешна соло кариера и се прослави благодарение на хитовите „The Sweet Escape“, „Wind It Up“, „4 in the Morning“…

Инаку, пејачката пред само два дена наполни 53 години, но нејзиното затегнато лице без брчки и извајано тело не оставаат таков впечаток.

Инаку, оваа русокоса со феноменални вокални способности освен со музика, се занимава и со пишување текстови, но и со дизајнирање облека. Впечаток остава и нејзиниот специфичен изглед – руса коса, црвен кармин, светла пудра, а за сето тоа пееше во песната „Magic’s in the Makeup“, прашувајќи се „Ако магијата е во шминката, која сум јас? ” .Имено, последните неколку месеци на социјалните мрежи се дебатира за тоа како изгледа Гвен – едни велат дека едноставно не старее, а други тврдат дека претерува со пластичните операции и интервенции.

Според оние кои веруваат дека пејачката имала операции, Гвен целосно го променила личниот опис, толку што, како што велат, повеќе не личи на себе. Тврдат дека Гвин ја зголемила устата, јаготките, ги отстранила темните кругови, ставила нови заби и претерува со ботокс.

  • Дали е навистина таа?; – Буквално е непрепознатливо; – Сега изгледа сосема поинаку – Цел живот сум нејзин обожавател и не ја препознав. Јас сум толку збунет; – Никогаш немаше да претпоставам дека ова е Гвен Стефани, да не напишеа – гласат коментарите.

Инаку, „вечно младиот изглед“ на пејачката низ годините беше предмет на многу шпекулации, но ѕвездата никогаш јавно не проговори за некоја естетска операција. Кога гостуваше во познатиот сегмент „Carpool Karaoke“ во 2016 година, водителот Џејмс Корден ја праша точно како да „старее наназад“, но таа вешто го избегна одговорот припишувајќи го својот младешки изглед на врската со сегашниот сопруг Блејк Шелтон.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement