Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Енди Мекдауел се прошета на модната писта во Париз и самоуверено ги истакна сивите кадрици, но и воодушеви со својот изглед на 64-годишна возраст…

Гигантот за убавина L’Oreal Paris организираше традиционално шоу со амбасадори на брендови во улога на модели како дел од Париската модна недела во француската престолнина. Заедно со Ева Лонгорија, на модната писта прошета и холивудската актерка Енди Мекдауел, која воодушеви со својот сензационален изглед во седмата деценија од животот. Секогаш префинетата холивудска ѕвезда воодушеви во луксузен фустан со пердуви и смел шлиц и ги покажа своите сиви локни кои ги носи со неверојатна самодоверба…

Откако се откажа од криењето на сребрените влакна во косата поради глобалната пандемија, 64-годишната актерка Енди Мекдауел реши целосно да ги прифати.

Ѕвездата на романтичните филмови од деведесетите стана главна ѕвезда на ревијата на брендот L’Oreal Paris, чиј долгогодишен амбасадор е, што се одржа во рамките на Париската модна недела.

Ѕвездата на филмот „Четири свадби и погреб“ се прошета на модната писта во гламурозен фустан со светки украсен со пердуви, на кој имаше шлиц до бутовите, а таа гордо ги покажа своите сиви локни што особено ја возбуди публиката.

Во 2021 година, актерката целосно престана да ја бојадисува косата. Таа стана сива за време на пандемијата на коронавирус и оттогаш се заљуби во нејзиниот нов изглед и реши да го задржи.

Еднаш еден новинар ме праша како се чувствувам знаејќи дека стареам и ја губам убавината. Не можев да поверувам. И кажав дека воопшто не се чувствувам така. Ние еволуираме и старееме, ова е дел од процесот. Стареењето не значи дека ја губиме убавината“, изјавила актерката еднаш за американскиот магазин People.

Природниот изглед на седата коса го прифатија многу познати дами, меѓу кои и актерката Хелен Мирен. Британската актерска дива се однесува и како заштитно лице на францускиот козметички гигант, но 77-годишната ѕвезда го пропушти овој моден настан.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom