Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НАУЧИЛА АНГЛИСКИ, А СЕГА Е НАЈБАРАНА АКТЕРКА ВО ХОЛИВУД: Вака Ана де Армас стана Мерлин Монро…

Ана де Армас многумина ја сметаат за една од најубавите актерки на денешницата, а го толкува ликот на познатата Мерлин Монро во новиот хит на Нетфликс „Blonde“.

Со руса коса и лесна шминка, Армас неверојатно личи на познатата Мерилин. Ова е продолжение на нејзината позната кариера, пред тоа имаше улога во Џејмс Бонд, во филмот „No time to die“.

Нејзината приказна е успешна. Имено, таа во САД дошла на 25 години, а англискиот јазик го научила за само неколку месеци.

  • Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор. Требаше само брзо да го совладам англискиот јазик – истакна таа во едно од интервјуата.

Ана де Армас е родена во Куба, во градот Санта Круз дел Норте. Нејзините баба и дедо се Шпанци, кои и дадоа шпанско државјанство. Така и таа живеела во Мадрид.

Таму веќе стана позната актерка, во серијата „Интернат“, која се снимаше од 2007 до 2010 година.

После тоа, таа замина во САД и реши да го оствари американскиот сон. Очигледно и успеа, бидејќи сега Армас е во фокусот на светската јавност, а улогата на Мерлинка и донесе голем скок во кариерата.

Моментално е една од најбараните актерки во Холивуд, па за очекување е да ја видиме во уште слични улоги.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement