Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пејачката Шер на 76-годишна возраст прошета во латекс комбинезон на модната недела во Париз…

На ревијата во улога на модел вели дека се чувствувала одлично.

Шер се прошета на пистата на ревијата на модната куќа „Balmain“ за време на Модната недела во градот на љубовта.

Поп ѕвездата Шер има 76 години, но сигурно не би и дале толку доколку ја видите на модната писта заедно со модниот дизајнер Оливие Рустинг. Иако својата модна линија ја најави во соработка со „Versace“, Шер покажа дека може да се најде и во улога на модел.

Пејачката прошета во латекс комбинезон во комбинација со црни чизми, а по шоуто на својот профил на „Твитер“ напиша дека се чувствува одлично за време на шоуто.

Шер отсекогаш била модна икона и некој кој го диктирал стилот уште од 60-тите.

Во текот на 70-тите беше кралица на дискотеката, нејзините фустани со пердуви станаа хит.

Шер носеше крзно, моторџиски јакни, големи обетки, предимензионирани јакни и тешка шминка.

Таа и во седумдесеттите не се менува и го следи својот хипи стил на облекување.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement