Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике се разделија пред околу 6 месеци по 12 години заеднички живот и две деца.
И додека Шакира минуваше низ многу тешки моменти во животот, Пике веќе уживаше во новата љубов со девојката по име Клара, со која се забавуваше уште додека беше во брак.
Иако разводот не им беше лесен, тие често во јавноста кажуваа дека ќе направат се што е во нивна моќ нивните деца што полесно да ја поминат целата ситуација.
Минатиот викенд нивниот најстар син Милан имаше бејзбол натпревар, на кој присуствуваа Пике и Шакира.
Според сведоците на настанот, поранешните маж и жена не зборувале, не се ни погледнале. Пике не беше во друштво на својата нова девојка Клара, туку натпреварот го следеше со родителите(бабата и дедото на Милан).
И двајцата беа расположени и се договорија да се сликаат со навивачите кои им приоѓаа во текот на целиот натпревар.
