Американскиот модел Хејли Бибер деновиве пристигна во Франција по повод Париската модна недела. Сопругата на поп-ѕвездата Џастин Бибер се најде во центарот на вниманието на ревијата на познатата француска куќа Yves Saint Laurent, за која работи и како заштитно лице и сето тоа благодарение на предизвикувачкиот стајлинг кој ја стави нејзината витка линија во преден план. Основачот на брендот ‘Rhode’ скокна во розов фустан кој никогаш не бил пократок, а не останала незабележана ниту скапата чанта по која копнеат многу љубители на модата…
Една од најголемите светски трендсетерки, 25-годишната Хејли Бибер, неодамна пристигна во Париз, каде што е во тек уште едно издание на Модната недела.
За ревијата на францускиот моден гигант Yves Saint Laurent,кој во рамките на овој престижен моден настан ја претстави новата колекција за пролет/лето 2023 година, американската ‘it’ девојка приреди вистинско модно уживање кое сите ги остави без зборови.
Атрактивната манекенка знае на вкусен начин да ја направи заводлива речиси секоја облека, а исклучок не беше ниту последното издание кое го прошета по улиците на француската престолнина.
Сензационалниот „изглед“ на американската убавица се вртеше околу впечатливи парчиња потпишани од Saint Laurent, а главна ѕвезда на нејзиниот стајлинг беше минијатурниот розов фустан кој ги истакна нејзините долги нозе.
Станува збор за парче од колекцијата пролет/лето 2022 година кое беше претставено на минатогодишната модна недела во Париз, а го красат долги, малку надуени ракави и златни копчиња на деколтето.
Предизвикувачкиот фустан го комплетираше со црни штикли и црна чанта со препознатливото лого на куќата која ужива статус на ‘it’ парче меѓу светските трендсетерки, а неговата цена е 1.790 евра.

Секси изданието манекенката го заокружи со минијатурни наочари за сонце кои станаа нејзин вид изјава.
