Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ирина Шајк е ѕвезда на новата кампања на Giorgio Armani…

Италијанската луксузна куќа Giorgio Armani ја претстави својата кампања за сезоната есен/зима 2022 година со супермоделот Ирина Шајк.

Светски познатиот супермодел ни претставува нови парчиња од есенската колекција, позирајќи пред објективот на Мерт и Маркус.

Ана Дело Русо е одговорна за стилизирање на бринетата, која позира во различни комбинации, вклучувајќи блејзери, вечерни костуми и скроени костуми.

Ирина Шајк на една фотографија може да се види облечена во син фустан со монистра, заедно со чанта и високи потпетици.

На втората фотографија руската убавица е облечена во темен костум со панталони, бела кошула и вратоврска, додека на третата е облечена во фустан со апстрактен принт.

„Кога имав 20 години, за прв пат дојдов во Милано. Некогаш шетав низ градот сонувајќи за тоа како би било да се работи за Giorgio Armani – жените Armani секогаш зрачат со таква класа и сила и си помислив, Боже, дали тоа би можело да бидам јас. Тоа беше смешно неостварлив сон за мене што го задржав за себе. Но, тука сме многу години подоцна – се случи! Ви благодарам што ме избравте да бидам заштитно лице на вашата кампања. За мене е голема чест“, сподели Ирина Шајк на својот Инстаграм профил.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement