Модната недела во Милано заврши со доделувањето на CNMI Sustainable Fashion Awards каде целото внимание го украде Оливија Палермо, иконата на американскиот стил, која се појави во целосно проѕирен фустан кој ја откриваше нејзината долна облека, но без градник.
На церемонијата на доделување на наградите фокусирана на модната одржливост, една од најпознатите инфлуенсери во светот, 36-годишната Оливија Палермо, пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Јоханес Хуебл, а таа успеа да ги надмине повеќето гости со својот храбар избор на фустан.
Светлечкиот фустан е дизајниран од италијанскиот дизајнер Ермано Скервино, а припаѓа на колекцијата за пролетта која доаѓа.
