Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

На прагот на седмата деценија, познатата манекенка ја откри тајната на својот неверојатен изглед…

Дури и две децении пред модниот свет да биде управуван од Синди Крафорд, Клаудија Шифер и Наоми Кембел, со него владееше Кристи Бринкли. Денес, 68-годишната дама се уште изгледа сензационално, а на нејзиниот изглед би можеле да и позавидат девојки кои по својата возраст би можеле да и бидат дури и внуки.

Во 70-тите и 80-тите години на минатиот век таа беше еден од најпознатите светски супермодели. Типична Американка, Кристи Бринкли и денес е во светот на модата, а иако има само две години до 70-тиот роденден, изгледа сензационално. Сега таа ја откри тајната на нејзиниот неверојатен, младешки изглед, за кој, како што вели, клучни се добриот сон, правилната исхрана, хидратацијата, како и заштитата и добрата и квалитетна нега на кожата.„Она што го правите секој ден ќе одреди колку ќе бидете здрави и живи на крајот. Се зависи од вас. Се е во ваши раце“, рече 68-годишната Кристи Бринкли, а потоа дополнително објасни велејќи дека најважно е да спиете добро, да јадете органска храна, да се хидрирате и да се грижите за вашата кожа 24 часа ден.

Познатата убавица е вегетаријанка од својата 13-та година, а со години е застапник на „диетата со виножито“. Станува збор за диета која препорачува диета во спектарот на бои на виножитото, а и членовите на нејзиното семејство ја вклучиле таа диета во својот живот.„За ручек јадам зеленчук и правам салата, потоа додавам протеини, како грав или јаткасти плодови. Вечерата е скоро иста, освен што можеби ќе го ставам мојот зеленчук врз тестенините со грав, ориз, житарки или киноа“, откри еднаш Кристи Бринкли, која рече дека има и свој режим против стареење.

Рекла дека нејзината козметичка рутина е едноставна, а користи козметика SBLA, чиј амбасадор е. „Обожавам да знам дека без оглед на кремата за сончање или шминката што ја користам, имам моќни активни состојки кои делуваат за мене, обезбедувајќи непосредни, но и долгорочни резултати“.

Она што одамна го призна е дека само еднаш се согласила на ботокс, но дека резултатот не и се допаднал: „Не користам ботокс. Сакам да имам природни изрази на лицето.’ Сепак, тоа не значи дека таа не сака други разновидни козметички зафати, како и разни филери: ‘Стареам со свое темпо и ми се допаѓа што денес можеме да избереме како сакаме да старееме’.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement