Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мени на Меган Маркл: Денот започнува со „виолетово злато“ и завршува со јадење кое е ЗАБРАНЕТО во британскиот двор…

Меган Маркл наводно е голем гурман, а еднаш ги открила своите омилени рецепти, уште пред да се омажи за принцот Хари.

Меган Маркл еднаш се опиша себеси како личност која не само што ја сака, туку и ја цени уметноста и вештината да подготвува добра храна.Често се водеа многу контроверзии за планот за исхрана на Меган, а познато е дека поради неа се прекршени некои правила, па јадеше тестенини додека инаку е забрането во британскиот кралски двор.

Меган никогаш не го прескокнува појадокот, а нејзиниот совршен почеток на денот е кога ќе испие екстремно скапо смути со акаи. Инаку, акаи бобинките ги сака и Викторија Бекам, а ги нарекуваат „виолетово злато“ затоа што се полни со антиоксиданси. Таа меша бадемово млеко, банана, бобинки и сето тоа го комбинира со кокосови снегулки и мед.

На што Меган не може да одолее, а не е дел од нејзиното секојдневие, дефинитивно се компирите, таа во една прилика рече дека и се посебна група на храна.

За ручек повеќе сака риба, а понекогаш се одлучува и за вегетаријански јадења полни со зеленчук. Меган откри и дека за време на снимањето на серијата често сакала да има зелен сок во кој за време на паузите мешала јаболко, кељ, спанаќ, ѓумбир и лимон.

Кога станува збор за вечерата, тогаш на сцена стапуваат забранетите тестенини кои таа ги обожава, а ги подготвува по посебен рецепт. Во една прилика рекла дека трикот за совршен вкус е во посебен сос направен од тиквички, додека секој би се заколнал дека има тони путер и масло во него.

Инаку, омиленото јадење на Хари се макарони и сирење, а овој пар сака и да ужива во квалитетни вина, па Меган Маркл својот блог во кој зборуваше за храната го нарече по едно вино Tignanello.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement