Една од најдобро облечените жени во светот повторно направи целосен моден хит.Сопругата на познатиот холивудски заводник Џорџ Клуни, Амал Клуни многупати докажала дека е божица на стилот, а како да не е кога покрај себе го има еден од најпосакуваните мажи во Холивуд.Двајцата излегле во познат ресторан во Њујорк, а убавата Амал (44) не се двоумела уште еднаш да покаже зошто многумина ја сметаат за модна икона.
За таа прилика, либанско-британската адвокатка избра црн мини фустан со светки во кој изгледаше фантастично. Цело време го држела за рака сопругот Џорџ (61) како да сакала на целиот свет да му каже дека нивната љубов никогаш не била посилна.
Освен што важи за една од најубавите жени на светот, она што не може да се негира е фактот дека навистина има одлична линија.
Amal Clooney holds hands with husband George Clooney as they grab dinner https://t.co/41Pl3eISvx
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 23, 2022
Краткиот црн фустан на брендот Elie Saab блесна на светлината поради светките што ги имаше на себе, а убавата Амал целата комбинација ја комплетираше со чевли на високи потпетици со златен врв.
Ниските златни обетки се едно парче накит што го имаше и изгледаше совршено. Ова е уште еден пример, дека понекогаш помалку е всушност повеќе, бидејќи само со нив постигнала толкава доза на елеганција што едноставно изгледа совршено.

Хармоничниот пар, кој се венча во 2014 година, цела вечер ја задржа насмевката на лицата. Изгледа дека двајцата нашле се што им треба. Нивната среќа е видлива на секој чекор, а задоволството најдобро може да се прочита во нивните погледи и насмевки.
