Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сите се сомневаа во огнената Камила, но таа всушност не му го Украде СРЦЕТО на актерот: Оваа бринета е новата девојка на Џони Деп…

Сите погледи на јавноста беа вперени во актерот и неговата адвокатка, но тој всушност е во врска со друга.Познатиот холивудски актер Џони Деп има нова девојка. Станува збор за адвокатка од неговиот правен тим, Џоел Рич. Тие двајца се кријат со месеци, а сега се почесто можеме да ги гледаме заедно во јавноста.

И покрај тоа што таа немала никаква официјална улога во процесот што се водел меѓу актерот и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, младата адвокатка присуствувала на секое судење на Џони, кое траело од 11 април до 1 јуни.

Таа секогаш седеше во првиот ред, веднаш зад Џони Деп и го поддржуваше за време на судскиот процес.

Судејќи по бројните фотографии, таа секогаш доаѓала на суд со Деп, а по судењето заедно со исто возило го напуштале судот.

Во еден момент папараците дури ја фатија Ричова како се наведнува и се смешка додека Деп и покажува нешто на телефонот. Иако, според медиумите, љубовниците одржувале професионални односи во јавноста, врската меѓу нив била очигледна.

  • Беше таму само од „лични“ причини, за да го поддржи својот маж“, рекол извор близок на парот.

Не се знае точно кога започнала нивната љубовна приказна, а ниту актерот ниту неговите претставници не ги коментирале овие тврдења кои се појавија во медиумите.

Сепак, инсајдерот вели дека изминатиот период неколку пати се сретнале во луксузни хотели.

  • Помеѓу нив владее неверојатна хемија. Ова е навистина сериозно, тие се створени еден за друг – рече тој.

Рич е мајка на две деца која е среде развод. Како што пренесуваат странските медиуми, очигледно е дека била во врска со Деп додека била во брак.

И покрај тоа што Рич присуствуваше на секое судење иако таа не беше негов правен застапник, во медиумите се шпекулираше дека Деп започнал врска со убавата Камила Васкез, адвокатката која го застапуваше во судскиот процес што го водел против Амбер Херд.

Васкез ги негираше тие тврдења и ги нарече неетички и сексистички.

  • Навистина се грижам за моите клиенти и затоа се зближивме – изјави таа за People.
  • Кога велам НИЕ, мислам на целиот тим, а тоа секако го вклучува и Деп.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement