Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зајакнете го вашиот имунитет и заштитете се од инфекции со зелено смути направено од овошје и зеленчук…

Сокот од свежо овошје и зеленчук содржи многу течност неопходни за обновување на клетките и општото здравје на организмот.

Кељот и спанаќот во овој рецепт обезбедуваат мега дози на витамин Ц и претставуваат вистинска инјекција на антиоксиданси. Покрај тоа, тие содржат калциум, фолна киселина и растителни влакна, кои сите заедно помагаат за зајакнување на имунитетот и заштита од инфекции.Кивито, мангото и ананасот му даваат на пијалокот сладост и повеќе витамин Ц, а мангото е познато и по тоа што штити од рак и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Ѓумбирот е одличен сојузник и за зајакнување на имунитетот, а познат е и по своите антиинфламаторни и аналгетски ефекти. И на крај, тука е и лимонот, кој е уште една одамна позната лековита намирница: го штити здравјето, го зајакнува имунитетот, штити од воспаленија и го чисти организмот од штетни материи и делува како природен антибиотик.

Состојки:

1 шолја исечкани листови кељ и спанаќ
1,5 шолји незасладено бадемово млеко
1,5 шолја исечен ананас, манго и киви
половина лажичка свежо рендан ѓумбир
сок од половина лимон

Подготовка:

Спанаќот и кељот ставете ги во блендер заедно со бадемовото млеко и убаво измешајте.
Потоа додадете го исеченото овошје, ѓумбирот и лимонот и измешајте додека не добиете мазна течност.
Ако ви се чини дека напитокот е премногу густ, додадете бадемово млеко додека не се разреди доволно.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement