„За Мене, Едно Големо Разочарување Беше Што Нешто Свето Се Претвора Во Нешто Вулгарно И Евтино…
Колумбиската пејачка Шакира (45) за прв пат проговори по раскинувањето на долгогодишната врска со фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец Жерар Пике (35).
Поранешниот гламурозен пар во јуни објави дека се разделува по 12 години заедно, а имаат два сина Милан и Саша.
- Беше тешко, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Се обидов да ја скријам ситуацијата од нив колку што можев. Тоа е многу вознемирувачко за две момчиња кои се обидуваат да ја разберат разделбата на нивните родители. Понекогаш се чувствувам како сето тоа да е лош сон и во одреден момент ќе се разбудам. Но, не, тоа е реално – изјави Шакира во интервју за магазинот Elle.
Познат фудбалер и позната пејачка, многумина се восхитуваа на таа гламурозна врска која изгледаше идеална. Бидејќи што би можело да тргне наопаку? Сепак, човечките постапки се навистина непредвидливи.
- За мене уште едно големо разочарување беше тоа што нешто свето и посебно, како што го сметав односот со таткото на моите деца, медиумски се претвора во нешто вулгарно и евтино…

Рекла дека распадот на семејството е веројатно една од најболните работи во животот, а додала дека многу шпекулации за нивното распаѓање не се точни.
- Без разлика како завршија работите или како јас и Џерард се чувствуваме еден за друг како поранешни партнери, тој е татко на моите деца. Ја имаме работата пред нас што треба да ја завршиме за овие две неверојатни момчиња и верувам дека ќе откриеме што е најдобро за нивната иднина, за нивните соништа во животот и што е фер решение за сите вклучени – одговорила Колумбијката на прашањето за битката за старателство над децата.
Ја прашаа и дали крајот на врската со Пике и е изненадување, но таа остана затворена.
- Тие детали се премногу приватни за да ги споделам додека се е толку ново и чувствително. Дадов сè на оваа врска и на моето семејство. Ја ставив кариерата во втора брзина и дојдов да живеам во Шпанија, да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. И тоа беше жртва од љубов. Благодарение на ова, моите деца можеа да имаат мајка која е присутна, а јас со нив имам неверојатна врска која е нераскинлива и не одржува. Тоа е се што можам да кажам…
Медиумите, особено во Шпанија, детално објавија за раскинувањето на славниот пар кој никогаш не се венчал. Се претпоставуваше дека причината за раскинувањето е тоа што стоперот на Барселона ја изневерува Шакира со други жени, прилично помлади девојки, а имаше и такви кои тврдеа дека причината за раскинувањето има финансиска природа.
Во основа, оваа 2022 година Шакира ја опиша како една од најтешките, најтемните во нејзиниот живот. И поради разделбата со Пике, и поради случајот со наводното затајување данок што го имала во Шпанија, и поради здравствените проблеми на нејзиниот татко.
Се очекува наскоро да оди на суд поради даноците, таа тврди дека е невина во тој случај. А што се случи со таткото?
- Тој пристигна во Барселона во тешкото време на разделба да биде со мене. Сепак, тој имаше лош пад и мораше да оди на операција на мозокот. Една недела подоцна повторно падна и скрши многу коски на лицето – откри Шакира.
