Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Брижит Макрон и кралицата Ранија во битка за модниот трон: Фустани вредни цело богатство(ФОТО)…

Кралицата Ранија важи за една од најдобро облечените жени во светот, додека Брижит Макрон се држи до испробаните комбинации со кои нема грешка.

Јорданската кралица Ранија и нејзиниот сопруг кралот Абдула Втори ја посетија француската претседателска двојка Макрон во Елисејската палата.

Добро е познато дека овие две дами секогаш изгледаат совршено, а тоа е уште поизразено кога се заедно во јавност.

За да ја оправда титулата прва дама на Франција, Брижит Макрон, како и секогаш, се задржа на докажаните модни комбинации – минијатурни фустани во А-крој во кои нејзината витка линија доаѓа до израз.

Многу модни познавачи ќе се сложат дека белата е дефинитивно нејзината боја, а таа ја обожава и затоа се труди да ја носи секогаш кога ќе и се укаже прилика.

Ништо помалку елегантна беше и јорданската кралица Ранија, која ги шармираше сите присутни со ефектен син фустан со јаки, кој ја истакна нејзината витка половина и и даде изглед на вистинска кралица.

Брижит Макрон заслепуваше во фустан со 3/4 ракави со бели риги и должина до колена. Совршениот крој на фустанот го истакнува нејзиното витко тело на кое и позавидуваат многу многу помлади дами во светот на политиката. Како и многупати досега, така и оваа креација ја потпишува нејзиниот омилен бренд Louis Vuitton.

Елегантниот фустан 69-годишната Французинка го заокружи со строги линии со класични салонки во беж боја.

Кралицата Ранија долги години е позната како една од најдобро облечените жени на планетата, а уште еднаш докажа дека нејзиниот стил е неприкосновен. Овој пат таа го привлече вниманието во светло син фустан за кој платила цело богатство.

За да биде поформално, оригиналниот шлиц во пределот на стомакот го прекри со ткаенина во иста боја, а позната како голем вљубеник во аксесоари, го искомбинира со специјална верзија на чантата By The Way Boston со потпис на италијанскиот бренд – Fendi.

Како и првата дама на Франција, свеченото издание го заокружи со класични поинте чевли, чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Jimmy Choo.

Совршено, нели?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement