Едно истражување покажало дека учениците кои јадат банана наутро имаат подобра концентрација во текот на денот.
Кокосот содржи незаситени масни киселини и лауринска киселина, која ја има и во мајчиното млеко, а богата е и со растителни влакна. Некои истражувања покажуваат дека кокосовото масло ја подобрува меморијата, врз основа на верувањето дека кетонските соединенија во маслото помагаат во обновувањето на функцијата на мозокот кај пациентите со Алцхајмерова болест. Бананите содржат три вида шеќер: фруктоза, сахароза и гликоза. Едно истражување покажало дека учениците кои јадат банана наутро имаат подобра концентрација во текот на денот.
СОСТОЈКИ:
1 чаша млеко (може да се направи и од бадем, ориз, овес)
1 полузамрзната банана
2 лажици кокос или една лажица кокосово масло
Ставете сè во блендер и добро измешајте. Секогаш пијте свежо подготвен пијалок.
