Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЈАДЕТЕ СЕ И НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ОД НИШТО: Никол Кидман се колне во оваа диета, а нутриционистите ја поддржуваат…

Актерката Никол Кидман со години ја практикува диетата 80:20, благодарение на која изгледа неверојатно во шестата деценија од животот.

Актерката Никол Кидман е позната по својата совршена фигура уште од времето кога блесна на холивудското актерско небо.

Убавата актерка никогаш не криела дека многу се грижи за својот изглед и здравје, а ако се прашувавте која е нејзината тајна и како успева да биде толку витка сите овие децении, одговорот конечно стигна.

Австралиската актерка практикува посебна диета, попозната како диета 80:20. Тоа значи дека 80 отсто од времето јадете здрава храна, а останатите 20 отсто се опуштате и уживате во омилените слатки, грицки и тесто.

„Воопшто не сум строг кога е во прашање диетата. Јадам сè, но умерено“, открила актерката во интервју за Лос Анџелес Тајмс.

„Се трудам 80 отсто од храната што ја јадам да ја одржувам здрава… понекогаш се намалува на 70 отсто. Но, мислам дека најважно е да го пронајдете она што ви одговара, а јас сум навистина полна со енергија“, додаде таа. Нутриционистите ја поддржуваат оваа диета бидејќи не значи елиминирање на која било група на храна, ниту опсесивно броење калории.

Дополнително, советуваат оброците да се планираат однапред за да се има подобра контрола врз внесот на храна.

Како изгледа диетата 80:20?
Правилото 80:20 значи дека сепак ќе можете да уживате во вечерата или пијалоците со пријателите без никакво каење, а концептот за уживање во храната ќе ви остане многу познат.

Многу е едноставно – 80 отсто од времето се храните здраво, а 20 отсто почестете се со омиленото јадење, десерт, пијалок… И не мора да се грижите премногу за математиката. На пример, ако јадете три здрави оброци дневно, тогаш три нездрави се вашите 20 проценти за таа недела, или ако јадете пет мали оброци дневно, тогаш можете да јадете седум мали јадења неделно.

За уште подобри резултати, „заштедете“ калории една недела и држете се до планот, а потоа „одморете“ за викенд. Можете да го примените истото правило за вежбање.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement