Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Шокантни фотографии го скршија целото семејство: Вдовицата на Коби Брајант доби отштета од 16 милиони!

Поради душевната болка предизвикана на сопругата на легендарниот кошаркар и нивното семејство, Лос Анџелес мора да плати дебела сума.

Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, доби 16 милиони отштета поради протечените фотографии од хеликоптерската несреќа во 2020 година во која НБА легендата загина со ќерката Џијана.

Вдовицата на кошаркарот изјавила дека имала напади на паника откако открила фотографии направени од замениците на шерифот и пожарникарите на округот Лос Анџелес откако се појавила несреќата.

Поради душевната болка предизвикана на сопругата на Коби Брајант и нејзиното семејство, Федералниот суд одлучи дека округот Лос Анџелес мора да и плати на Ванеса отштета од 16 милиони долари. Одлучено е од истите причини да му се плати отштета и на Кристофер Честер, кој во споменатата несреќа ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон.

Како што пренесуваат американските медиуми, Ванеса по изрекувањето на пресудата ги прегрнала адвокатите и во солзи паднала во прегратките на својата ќерка Наталија, а потоа ја напуштила судницата без да даде изјава.

  • Овој случај беше за одговорност, а поротата беше едногласна – истакна адвокатот на Брајант, Луис Ли.

Тужителот првично барал отштета од 75 милиони долари.

Ванеса потоа објави фотографија од нејзиниот покоен сопруг и ќерка на Инстаграм со порака:

  • Се за тебе! Те сакам! Правда за Коби и Џиџи!

На спорните фотографии беа прикажани остатоците од хеликоптерот, како и телата на жртвите, кои ја нарушија приватноста на починатиот, семејството и предизвикаа емотивен стрес, а семејствата Брајан и Честер стравуваа дека ќе се појават овие фотографии, иако Лос Анџелес Округот тврди дека тие биле уништени.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement