Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Леонард од „The Big Bang Theory“ продава замок за 12 милиони долари, ѕирнавме малку внатре…

Благодарение на улогата на д-р Леонард Хофстадер, Галчеки стана еден од најплатените актери на ТВ серии во светот, заработувајќи и до 25 милиони долари годишно.Поради тоа во 2015 година се преселил во замок што го купил од Џејсон Статам за 9,2 милиони долари.

Џон Галецки се прослави со улогата на доктор Леонард Хофстадтер во популарната серија „The Big Bang Theory“. Фановите ширум светот толку многу ја засакаа оваа серија што главните актери добиваа побогати договори од сезона во сезона, додека во 2018 година некои од нив станаа најплатените актери на ТВ серии во светот. Галецки таа година заработи 25 милиони долари, а пред него беше неговиот цимер во серијата – Шелдон, односно Џим Парсонс.

Во ова изобилство Галецки не штедел, па во 2015 година купил вила во Холивуд Хилс за 9,2 милиони долари, ни повеќе, ни помалку, од Џејсон Статам. Пред него во куќата живеел Бен Стилер, кој вложил многу во реставрацијата, па куќата задржала многу оригинални детали и материјали од првата половина на минатиот век.

Сепак, се чини дека по завршувањето на „The Big Bang Theory“, Галецки веќе нема толку профитабилни ангажмани, а во последните две години пандемијата ги наруши работните места на многу актери. Затоа, прво актерот сакал да ја изнајми вилата за 45 илјади долари месечно, а сега решил да ја продаде.

Цената? Вистинска ситница. Околу 12 милиони долари. Тоа е речиси три милиони повеќе отколку што платил, а доколку успее да ја продаде, тоа ќе биде еден од најскапите имоти во соседството каде куќи имаат и познати личности како Лејди Гага, Аријана Гранде, Винона Рајдер, Леонардо ди Каприо.

Куќата е изградена во 1929 година во медитерански стил, на два ката, со посебна куќа за гости. Вкупно има околу 700 метри квадратни, шест соби и 5 бањи. Куќата има и соба за игри, големо домашно кино, дури и мал паб.

Има и трпезарија на отворено со камин, дворот е прекрасен, а секако има и базен и неколку фонтани.

Куќата е навистина вистинско парче бонбона, но луксузот и раскошот имаат своја цена, но нема потреба да се сомневате дека таков имот во омилената населба на познатите брзо ќе најде купувач.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement