Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Uncategorized

Голата Хајди Клум има порака за вас. Славната Германка позирала како од мајка родена, но не без причина…

Хајди Клум знае одвреме-навреме да ја изненади и шокира јавноста со своите објави на Инстаграм.

Познатата Хајди Клум ужива во љубовта со 16 години помладиот Том Каулика, а манекенката редовно ја интригира јавноста и нејзините обожаватели. Имено, една од нејзините објави која шокираше е кога Хајди позирала топлес, а после тоа го фотографирала и сопругот – целосно гол.

Овој пат отиде чекор понатаму и продолжи да изненадува. Додека во претходниот пост кога беше топлес ги покриваше градите со коса, овој пат немаше ништо друго освен крема за сончање.

Не заборавајте да го нанесете вашиот заштитен фактор – напиша Хајди под фотографијата, алудирајќи на тоа дека крема со заштитен фактор е суштинска заштита од сонце.

Инаку, манекенката така позираше за насловната страница на магазинот Allure.

Хајди Клум е една од најбараните манекенки во деведесеттите, а благодарение на нејзиниот добар изглед, сега е многу позната и една од омилени ѕвезди. Нејзината ќерка Лени тргна по стапките на својата славна мајка, а често се гледа дека тие двете носат иста гардероба.

Да потсетиме, Клум е во брак од 2019 година со младиот Каулица, а првпат беа видени во јавноста една година порано кога се бакнаа на снимањето на една емисија. Разликата во години очигледно не им пречи, а Хајди не крие колку се сакаат и постојано истакнува дека емоциите меѓу нив се исти како и првиот ден.

Прочитај

Advertisement