Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кралицата Ранија: Издание без грешка за свечената прослава на најстариот син

Кралицата Ранија минатата недела ја прослави свршувачката на својот најстар син Хусеин. Церемонијата на свршувачката се одржа во куќата на идната невеста Раџва Ал-Саиф.

Не мислев дека е можно да има толкава радост во моето срце. Му честитам на мојот најстар син, принцот Хусеин и неговата прекрасна идна невеста, изјави гордата мама.

За оваа специјална пригода, кралицата носела црн миди фустан со долги ракави кои беа затегнати околу зглобовите и украсени со светкави копчиња.

Фустанот има и подигната јака, додека на предната страна има сребрени цветови од кристали кои едноставниот црн фустан го издигнуваат на повисоко ниво.

Фустанот, кралицата го комбинирала со металик сребрени салонки, а на рамо носела чанта во иста боја. Од накит носела прстени и висечки обетки, а точка на „елегантност“ било волешбното издание на нејзината коса обликувана во бранови.

Иако многумина би избрале посветли бои за оваа и слични пригоди, кралицата Ранија уште еднаш докажа дека и црната може да биде хит за вакви прослави, особено ако е разбиена со интересни детали кои ја прават екстра моќен избор.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement