Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Добро е да знаете: 10 работи што никогаш не треба да ги правите во Италија…

Пливање во Сината пештера на островот Капри. Можете да го посетите со брод, но пливањето во самата пештера е строго забрането. Ако не ви се верува, прашајте ја познатата манекенка Хајди Клум, која во 2019 година платила висока казна поради тоа што избрала да плива во пештера.

Со цел подобро да се справат со големиот број туристи кои ја посетуваат земјата и во исто време да ги зачуваат своите градови и населби, италијанските власти во последните години донесоа низа правила.

Некои од правилата можеби веќе ви се познати, како на пример она да не се седи на Шпанските скали во Рим, а некои можеби не, бидејќи неодамна во Соренто беа воведени казни за несоодветно облечените туристи.

Во секој случај, и овде важи изреката „однесувај се како Римјанин во Рим“, затоа не го расипувајте одморот и избегнувајте да правите некоја од следните 10 работи:

  1. Фотографирање во внатрешноста на Сикстинската капела (Можете да ги фотографирате музеите на Ватикан, но тоа е строго забрането во капелата).
  2. Седење на шпанските скали во Рим.
  3. Јадење на улиците во строгиот центар на Фиренца; Via de’ Neri, Piazzale Degli Uffizi, Piazza del Grano и Via Della Ninna од 12:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот. Конкретно, тоа значи дека не смеете да одите наоколу со храна на пример сендвич и да јадете на улица.
  4. Хранење на гулабите на плоштадот Св. Марко во Венеција.
  1. Капење во римската фонтана Треви.
  2. Неовластено снимање со дрон во урбани средини, особено во старите градски центри.
  3. Ставање „љубовни“ катанци на мостовите во Рим и Венеција.
  4. Пливање, нуркање или капење во венецијанските канали.
  5. Пливање во Сината пештера на островот Капри. Можете да го посетите со брод, но пливањето во самата пештера е строго забрането. Ако не ви се верува, прашајте ја познатата манекенка Хајди Клум, која во 2019 година платила висока казна поради тоа што избрала да плива во пештера.
  6. Земање песок од плажите во Сардинија (обично се однесува на сите плажи, но особено на оние на Сардинија). Ваквото однесување може да ве одведе дури и во затвор.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement