Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„ИМА ГЛАС НА АНГЕЛ И ТЕМПЕРАМЕНТ НА ЃАВОЛ“: Пејачката се кара и малтретира луѓе, а тежината ѝ варира поради алкохолот…

Кристина Агилера има убав глас, но лоша репутација, а доказ за тоа се многуте тепачки во кои била вклучена пејачката.

Кристина Агилера стана светски позната во моментот кога го слушнавме нејзиниот ангелски глас, но се чини дека тука завршуваат сите убави работи на пејачката.

Никој на јавната сцена не е толку познат по контроверзии како таа. Кажете го името на пејач или музичар и Кристина Агилера веќе имала конфликт со него.

Темната страна на Кристина Агилера
Таа помина пет години како жири и ментор на музичкиот натпревар „The Voice“, но и таму не се прослави.

Имено, иако учеството во ова шоу и помогнало во однос на репутацијата и големата заработка, Кристина успеала да испровоцира дел од организаторите нарекувајќи го шоуто “Апсорбер на енергија “.

„Тоа стана нешто за кое не мислев дека ќе стане во моментот кога се пријавив да учествувам. Воопшто не се работеше за музика. Се работеше само за создавање добра приказна и создавање одредени моменти. Не се впуштив во оваа работа за да бидам водителка и да бидам ограничена со правилата: ‘Не можеш да носиш ова, не можеш да кажеш’… Очајнички се обидував да се изразам преку облека, шминка или коса. Тоа беше мојот вентил“.

Организаторите и замеруваа што и плаќаа неверојатни 17 милиони долари по сезона.

Оние кои работеле или работат со неа велат дека Кристина е исклучително „тешка за работа“.

„Со Кристина е ужасно да се работи. Често доцни и никогаш не и е жал што сите ја чекаме. За работите да бидат уште полоши, таа се расправаше со Адам Левин во текот на целата емисија. Тие не можат да се поднесат еден со друг.

Оние кои работеа со неа тврдат дека Кристина има ужасно лош карактер и дека е сосема нормално таа да се нафрли по шминкерите, фризерите, костимографите…

При пристигнувањето на снимањето на „ The Voice“, Кристина често доцнела и по половина час, па целата екипа морала да ја чека.

Поради ова, оваа емисија брзо ја прекина соработката со неа и ангажираше други пејачи.

Кристина не можела ни да ги задржи вработените долго. Речиси сите ја оставија со образложение дека е „неверојатно груба и ужасно се однесува кон својот персонал“.

„Никогаш не и е проблем да ја разбуди дадилката или слугинката за најбанални работи. Еднаш ја повикала чистачката да дојде од другиот крај на куќата и да и подаде крпа што и беше на дофат“, рекол изворот.

Познато е дека Кристина има проблеми и со алкохолот и дека тоа е главната причина поради која брзо се здебелува, но и слабее.

Многумина се надеваат дека сегашниот вереник ќе ја врати на вистинскиот пат,па останува да видиме.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement