Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хејли Бибер ја воодушеви публиката со монохроматска комбинација: Едноставно не може да згреши…

Хејли во последно време ги диктира модните трендови, а што и да облече денес, повеќето девојки веќе утредента го копираат.

Во последните неколку години модните комбинации кои ги носи Хејли Бибер се навистина вредни за внимание. Таа со неверојатна леснотија ги комбинира високата мода и урбаниот стил, а тоа го направи и овој пат.

Хејли синоќа се појави на забавата на нејзината пријателка Кендал Џенер, а за оваа прилика облече монохроматска комбинација, односно целиот стајлинг беше во црна боја.

Манекенката носеше црн фустан, чиј горен дел изгледа како сако, а долниот дел на мини здолниште. Единственото нешто што ги поврзува е парче ткаенина на задната страна и нешто како машна на предниот дел од фустанот.

Таа воведе доза на провокација со црни чорапи кои завршуваат веднаш под здолништето, а тренди чевлите го комплетираа целиот стајлинг. За модни додатоци Хејли избра футуристички очила и црна чанта, а деталите како златни обетки и прстени одлично ја заокружија оваа модна приказна.

На овој настан присуствувал и сопругот на Хејли, популарниот пејач Џастин Бибер, но тој за разлика од Хејли не се позамарал со модната комбинација.

Џастин пристигна во сив дуксер и широки тексас панталони. Од модни додатоци имаше само капа, а под широките ногавици едвај му се гледаа белo-сини патики.

Додека едни го критикуваат дека требало да облече нешто попристојно, други го бранат и велат дека ова е во стилот на Џастин.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement