Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кајли Џенер за својот роденден доби ретка чанта Hermes Birkin од 100.000 долари…

Што да се даде на девојката која има сè? Една опција – исклучително ретка чанта HERMES BIRKIN.

На 10 август Крис Џенер на својата ќерка и подари тробојна верзија на чантата со потпис на луксузниот бренд за нејзиниот 25-ти роденден, вредна 100.000 долари. „Никогаш не сум видела вакво нешто“, извика Кајли, која веќе има десетици слични чанти, додека го одвиткуваше подарокот. „Тие направија само три вакви чанти“, додаде таа, покажувајќи кон предниот дел од нејзината чанта.Ријалити ѕвездата и младата бизнисменка носеше проѕирен фустан со светки за оваа пригода, а исто така одвитка и пар портокалови кутии Hermes во кои имаа папучи од јагнешка волна од 1.025 долари.

Кајли го прослави роденденот на јахта и ги собра најблиските луѓе. „Најдобар роденден досега“, напиша Кајли видеото, пред да открие дека го прославила роденденот со мама Крис, сестрите Кендал Џенер и Ким Кардашијан и најдобрата пријателка Анастасија Караникола.

45-те милиони фанови на Кајли Џенер на TikTok имаа измешани чувства додека го гледаа ова роденденско видео. „Се прашувам како е да се живее толку раскошно“, коментира еден следбеник. „Како воопшто на милијардер му подарувате роденденски подарок? праша друг фан.

Ова не е првиот луксузен предмет на брендот Hermes за роденденската девојка. Таа е горда сопственичка на ексклузивни сандали од Birkinstocks од 76.000 долари направени од рециклирани чанти Hermes Birkin, а еднаш дури и доби маникир за да одговара на нејзината крокодилска чанта од 300.000 долари. Колекцијата луксузни додатоци на Кајли Џенер беше проценета на 500.000 долари, но оттогаш порасна во големина и вредност.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement