Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Познатата оскаровка Хали Бери го прослави својот 56-ти роденден во секси боди од тантела и покажа храбра промена на бојата на косата…

Познатата американска актерка Хали Бери го прослави својот 56-ти роденден, а во знак на благодарност своите фанови на социјалните мрежи ги почести со заводливи фотографии кои меѓу другото ја открија нејзината нова фризура. Пред една недела познатата оскаровка реши драстично да го промени имиџот, а сега гордо ги покажа своите локни во боја на лаванда…

Наградуваната американска актерка Хали Бери им се заблагодари на своите обожаватели за многубројните честитки по повод 56-тиот роденден, а по тој повод ја покажа и својата нова храбра фризура за која не доби ништо освен пофалби.

Пред една недела, 56-годишната актерка ги обои своите препознатливи локни во доминантна виолетова боја, а бидејќи бојата на косата не е трајна боја, по неколку миења нијансата доби нов изглед и сега е лаванда. Таа оваа промена ја откри со нови сензационални фотографии.

Холивудската актерка прво позираше во секси боди од тантела, а потоа ги почести своите обожаватели со фотографија во опуштен бел летен фустан. Таа по тој повод им се заблагодари на сите за роденденските желби.

Познатата оскаровка е во среќна врска со добитникот на Греми музичарот Ван Хант.

По трите неуспешни брака, оние со Дејвид Џастис, Ерик Бенет и Оливер Мартинез, ѕвездата на филмот „Жена мачка“ пронајде се што бараше во новиот партнер, а не крие колку е среќна и исполнета.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement