Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Некогаш најсексапилниот маж на светот Ричард Гир и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра Силва го украдоа целото внимание на гала вечерата во Марбела, Шпанија.

Познатиот холивудски актер Ричард Гир последниве години ретко се појавуваше на свечени настани, па не е чудно што неговото присуство на хуманитарниот настан на Starlite Porcelanos во Марбела, Шпанија, крена медиумска прашина. Поранешниот холивудски заводник на црвениот тепих беше придружуван од неговата 34 години помлада сопруга, шпанскиот експерт за односи со јавност Алехандра Силва, која предизвика голема врева во живописниот жолт фустан…

Во центарот на вниманието на овогодинешната гала вечера организирана од Starlite Porcelanos беа 72-годишниот Ричард Гир и неговата 39-годишна сопруга Алехандра Силва, за кои ова беше едно од ретките заеднички појавувања во јавноста откако се венчаа во 2018 година.

Ѕвездата на филмот „Американски Жиголо“ на церемонијата пристигна во елегантно црно сако,а неговата избраничка Алехандра блесна во долг жолт фустан со бел цветен детаљ.

Убавата Александра ја комплетираше комбинацијата со мала и блескава жолто-розова чанта и големи златни обетки кои додадоа допир на гламур на целокупниот изглед.

Згодниот ПР експерт и поранешен миленик на жените, кој е заедно осум години со Александра, не се двоумеше да размени нежности пред дежурните фотографи.

Ричард Гир и Алехандра Силва ги спои нивната љубов и страст за патување и хуманитарна работа. Врската ја започнаа во 2014 година, а по два неуспешни брака, оној со супермоделот Синди Крафорд и актерката Кери Лоуел, актерот по трет пат застана пред олтарот во 2018 година.

Поранешниот најсекси маж на светот и 34 години помлада Шпанка се родители на 4-годишниот син Александар и 2-годишното момче чие име не го открија во јавноста. Тој го има и 22-годишниот син Хомер од бракот со актерката Кери Лоуел, а таа во првиот брак стана мајка на 9-годишниот син Алберт.

Алехандра е ќерка на бизнисменот и поранешен потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Игнасио Силва. Тие се запознале додека таа се разведувала од нејзиниот сопруг, геологот Говинд Фридланд, син на американскиот рударски магнат Роберт Френдленд.

Убавата ПР експерт и холивудска ѕвезда живее далеку од медиумите и крајно затскриен живот. И двајцата редовно се занимаваат со хуманитарна работа, а тоа се и единствените прилики кога се согласуваат да се фотографираат заедно.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom