Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Маска за лице што ја користат Јапонките: Вратете го сјајот и младешкиот изглед на вашата кожа…

Веруваме дека сте виделе жени од Јапонија и нивните совршено затегнати лица на ТВ и во списанија. Јапонките се надалеку познати како негувани и младешки дами, а во негата на кожата често користат помош од кујната.

Една од најпопуларните домашни маски кај Јапонките е онаа со авокадо, кое ги чисти порите, и дава доволно влажност на кожата и го забавува стареењето.

Оваа маска се препорачува да ја користите еднаш неделно, а резултатите ќе бидат видливи веќе по вториот третман.

Состојки:

1/4 Авокадо

Сок од лимон

1 Лажичка мед

1/2 Лажичка маслиново масло

Подготовка и примена:
Авокадото исечкајте го на четвртинки и со вилушка изгмечете го. Ставете го во сад и додадете сок од лимон, мед и маслиново масло. Пред да ја нанесете маската на лицето, натопете крпа во топла вода и држете ја на лицето неколку минути за да се отворат порите.Нанесете ја маската со прстите или со четка за лице. Чувајте ja на лицето 15 минути, додека не се исуши. Исплакнете го лицето со млака вода и исушете го со чиста крпа, а потоа нанесете хидратантна крема.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement