Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Младата актерка му изјави љубов на сопругот на Никол Кидман: Оскаровката веднаш одговори и почна лавина од коментари…

Никол Кидман не е единствената холивудска ѕвезда која го сака поранешниот судија на Американски идол и рок ѕвезда Кит Урбан.

Кит Урбан (54) моментално е во центарот на вниманието бидејќи на својата турнеја одржа низа многу успешни концерти низ Америка. Неговата сопруга Никол Кидман е негова верен поддржувач на речиси секој настап.

Сепак, таа не е единствената. Многу други познати личности го поддржаа Кит, вклучувајќи ја и актерката Ема Робертс.

Ема на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се гледа како ужива во еден од настапите на Кит, а не се двоумела да сподели и емотивна порака со следбениците на Инстаграм:

  • Го сакам Кит Урбан – рече таа.

Нејзината објава брзо собра огромен број лајкови, а она што потоа го направи сопругата на Урбан ги насмеа сите.

Имено, Никол Кидман се приклучи на преписката и во еден од коментарите напиша:

  • Разбирам како се чувствуваш.

Но, после тоа стави и емотикон за намигнување, од кој се гледа дека актерката коментарот на колешката го сфатила како шега.

Иако Ема и Никол никогаш не соработувале, јасно е дека се следат на Инстаграм и дека некако сакаат да се информираат за тоа што се случува.

Она што засега е јасно е дека врската помеѓу Никол и Кит е силна и покрај фактот што тие често се растргнати со бројни деловни обврски и околу децата.

Меѓу нив владее љубов, а блиските на парот велат дека и по толку години тие двајца се уште се маѓепсани еден со друг.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement