Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

СЕР ЕЛТОН ЏОН СНИМИ ДУЕТ СО ЖЕНАТА КОЈА ЈА”БАРА ФБИ”! Неговата верна обожавателка одлично пее, ќе се појават ЗАЕДНО НА ТУРНЕЈАТА!

Веста дека познатиот пејач и Бритни Спирс ја обновиле соработката сега е и официјално потврдена!

Имено, Сер Елтон Џон на Твитер сподели слика со емотикони од роза и ракета со натпис „Hold Me Closer“ се вели дека тоа е обновена верзија на неговата песна „Tiny Dancer“.

На крајот на јули почна да се шпекулира дека Бритни и Елтон Џон се сретнале тајно и дека снимиле ремикс на хитот од 1971 година, како и дека оваа, според многумина, необична соработка била идеја на Елтон бидејќи тој дознал дека Спирс е негов голем обожавател.

Оние кои присуствуваа на снимањето на ремиксот на „Tiny Dancer“ за дуетот рекоа дека е неверојатно.

  • Полудевме колку добро испадна, ова ќе биде голем хит – оценија за Page Six.

Инаку, „Hold Me Closer“ е официјално првата песна што Спирс ја објави по нејзиниот познат албум Glory (Слава) од 2016 година. Меѓутоа, во јули, Бритни Спирс објави, како што велат фановите, возбудлива верзија на нејзиниот деби сингл Baby One More Time, откривајќи дека сака да објави ажурирана верзија на песната на Елтон Џон.

Се чини дека тој ден конечно дојде: Бритни се враќа во музичката индустрија ни помалку ни повеќе туку во дует со Сер Елтон Џон!

Тие тајно се сретнале во студио во Беверли Хилс, а минатата недела Спирс веќе настапи со нова снимка, додека Universal Music ќе ја објави во текот на август.

Се верува дека двајцата би можеле да настапат заедно за време на турнејата на Елтон во Северна Америка, а билетите веќе се распродадени.

Новата верзија на песната за која сите зборуваат е продуцирана од Ендрју Ват, добитник на Греми, кој претходно работеше со Џон на албумот „The Lockdown Sessions“.

  • Одамна не го споделувам гласот… можеби предолго… и еве си пеам во мојата куќа. Со нетрпение го чекам дуетот и му се радувам – изјави Бритни и исчезна од социјалните мрежи.

Поточно, таа наместо нејзините фотографии одвреме навреме почна да објавува црвени квадрати на Инстаграм, што ги загрижи нејзините фанови кои побараа од ФБИ итно да ја најдат и да видат што се случува со неа.

Сега на сите ќе им олесни.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement