Пејачката Дуа Липа може да се пофали со одлична фигура, а еве како успева да изгледа вака добро.

Наградуваната поп сензација Дуа Липа го користи слободното време за да ја одржува својата фигура витка и затегната, пишува британски „The Sun“.
26-годишната пејачка се грижи и за исхраната, но како што вели не се откажува од она што го сака.
За ова проговори личниот тренер од Австралија Рејчел Атард, која добро ја познава исхраната на пејачката.
Рејчел, која е специјалист за фитнес тренинзи за жени, вели дека исхраната на пејачката е многу ефикасна и таа никогаш не избегнува одредени намирници.
- Пејачката умерено јаде помалку здрава храна. Секогаш се грижи да има зготвен оброк, бидејќи на тој начин избегнува да јаде индустриска храна полна со нездрави состојки – објаснува Рјчел.
- За појадок јаде банана со путер од индиски ореви, што и дава многу растителни протеини и калиум – открива инструкторот.
Дуа избегнува храна поради која се чувствувате подуени и секогаш избира салати или свеж зеленчук.

Инаку, пејачката е родена и израсната во Лондон, но многу време поминувала во Албанија, од каде што се нејзините родители, па е љубител и на традиционалната албанска кујна, слична на медитеранската,полна е со здрави масти како маслиново масло, риба и свеж зеленчук.
Ако копнее по пица или хамбургер, не си го негира тоа. Вакви задоволства си дозволува во денови кога не е многу зафатена.
Што се однесува до вежбањето, Рејчел вели дека Дуа обично вежба наутро.
Денот го започнува со HIIT тренинг, кој не бара опрема, е краток и идеален за нејзиниот напорен распоред. Акцентот на нејзиниот тренинг е ставен на стомачните мускули и глутеусот, а често трча на лента за трчање и вози велосипед.
Еден од омилените облици на рекреација и е боксот бидејќи, како што вели, со него успева да си ги расчисти мислите.
