Лелеавите макси фустани се омилен избор на многу дами во летните месеци.А ниту Софија Вергара не може да одолее на нивниот шарм.
Софија Вергара секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации – без разлика дали позира на црвениот тепих или е фатена од фотообјективот како завршува секојдневни обврски.
Колумбиската актерка привлече големо внимание и пред снимањето на новата сезона на телевизиското шоу „America’s Got Talent“, во кое таа е еден од членовите на жирито. Таа прошетала пред студиото во Лос Анџелес каде се снима оваа забавна програма во многу едноставна, но впечатлива летна комбинација.

Иако не и се потребни никакви трикови за да го камуфлира стомакот, Софија Вергара се одлучи за фустан во А линија со овој ефект. Таа избра цветен макси фустан без ракави Zinnia од австралиските дизајнери Ники и Симон Зимерман.
Горниот дел од фустанот е тесен и ги истакнува градите, додека материјалот во долниот дел трепери по телото и на тој начин може да ги скрие сите мали несовршености.

Фустанот Zinnia е изработен од мешавина од памук и свила, и е многу удобно решение за носење во текот на летните месеци.Впечатливиот розов фустан Софија Вергара го спои со сандали со отворени прсти со подигнат ѓон во боја на кожа кои визуелно ја издолжуваат целата фигура. Изданието го заокружи со чанта на Dior, а очите од љубопитните погледи ги сокри со очилата за сонце Foster Grant.

