Дивата од Австралија го посети Ровињ, а за опуштена прошетка избра прилично впечатлива комбинација.
Кајли Миног одбележа една ера, а убавата пејачка го избра Ровињ како дестинација за својот одмор и со тоа стана главна ѕвезда на регионалните медиуми.
Крајбрежните градови во Хрватска често се еден од првите избори на познатите светски ѕвезди, па не е чудно што австралиската дива го избрала Ровињ за одмор.
Со оглед на тоа што е невозможно Кајли Миног да биде незабележана, сите се воодушевени од нејзината впечатлива комбинација со која опуштена прошета. Имено, Кајли носеше комплет со специфичен дезен, кој на некои можеби нема да им се допадне, а со себе имаше и плетена чанта која стана голем хит ова лето. Станува збор за парче од луксузниот бренд Loewe и чини повеќе од 1.000 евра.
Шапката и светлите очила одлично се совпаѓаа со боите на комплетот, но и со нејзината коса и насмевка додека им позираше на папараците.
Медиумите пишуваат и дека пејачката престојувала во вила од 700 квадратни метри со базен, а самата архитектура на вилата била инспирирана од стилот на познатата Coco Chanel.Ноќевање во овој луксуз чини околу 1.800 евра.
Кајли Миног е многу опуштена и директна, поради што е видена и како купува лубеница, сирење и тартуфи од локалното население.
