Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гардеробата не познава години: славната Мелани Грифит го прослави роденденот, а цел Холивуд зборува за нејзиниот аутфит…

Славната Мелани Грифит пред неколку дена го прослави својот 65-ти роденден и по тој повод испрати јасна порака.

Мелани Грифит е една од стилските икони и ненадминатите убавици на Холивуд, а со својот роденденски стајлинг покажа дека модата нема старосни граници и дека може да носи што сака.

Сè застана кога славната Мелани се појави во, некои би рекле, младешка гардероба, но не и таа. Имено, за неа работите немаат возраст и не припаѓаат само на една генерација.

Може да носи се, па се појави во краток црн фустан, модерни тафтувани чорапи и уште помодерни и поефективни чизми.

Западен Холивуд беше сведок на вистинска стилска демонстрација, особено кога се појави Ева Лонгорија. Познатата актерка беше во друштво на својот сопруг, а за роденден избра летен лелеав фустан кој го комплетираше со обетки и ланче, а од неодамна овие додатоци се главни кога е изгледот на Ева во прашање.

Познато е и дека Мелани Грифит е големата љубов на Антонио Бандерас, иако одамна не се во брак.

  • Мелани повеќе не ми е сопруга, но ја сметам за моја најдобра пријателка. Ја сакам и ќе ја сакам до смрт. Таа е моето семејство – изјави Бандерас, кој сега ужива во љубовта со 20 години помлада жена.

Мелани Грифит е ќерка на познатата Типи Хедрен, а мајка и на се поуспешната актерка Дакота Џонсон.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement