И покрај тоа што веќе е во шестата деценија, сепак изгледа многу подобро од многу девојки во триесеттите години.
Никол Мичел Марфи, поранешна манекенка и поранешна сопруга на актерот Еди Марфи, привлекува внимание секогаш кога ќе се појави во јавноста.
Таа отсекогаш имала совршена линија, а во последните неколку години изгледа, велат многумина, подобро од било кога. Сепак, манекенката вели дека не секогаш било се така одлично.
- Кога првпат се породив, не ни помислував на тренинзи. Не одев во теретана, бидејќи моето тело воопшто не се промени – изјавила еднаш Никол.
Таа има пет деца со Еди Марфи, а најстарата од нив, Брија, има 32 години и неодамна се омажи за актерот Мајкл Хавиер. Нејзината мајка ги маѓепса сите присутни со совршен тоалета на свадбата.
Поранешната манекенка беше искрена и призна:
- По втората бременост килограмите се натрупаа и знаев дека морам да почнам да вежбам ако сакам да изгледам убаво – продолжила Никол.
- Пет-шест пати неделно одам во теретана, каде правам комбинирани кардио тренинзи и вежби за сила – откри таа.
Многу жени имаат разни изговори, но кај неа нема оправдување.
- Секој може да одвои по еден час дневно за тренинг, нема изговори. Можете да вежбате и дома – таа е експлицитна.
За нејзината одлична линија е заслужна и здравата храна. Таа најмногу јаде храна богата со протеини и растителни влакна, а избегнува слатки и јаглехидрати секогаш кога може.
Иако веќе зачекори во шестата деценија, напоменува дека ништо не и е тешко во текот на денот. Таа ужива да си игра со внуците, да готви, да пазарува и да тренира.
Рекла и дека секоја жена која се сака себеси треба да биде дисциплинирана, бидејќи само така може да биде најдобрата верзија од себе.
Поранешна ријалити ѕвезда која извесно време се забавуваше со НБА ѕвездата Мајкл Џордан.
