Limoncello Spritz се базира на италијански ликер од лимон, измешан со пенливо вино, лимонада и минерална вода.
Во летниот период бараме лесни и освежителни пијалоци. Limoncello Spritz е таков коктел.
Овој освежителен пијалок се базира на популарниот италијански ликер од лимон и се меша со пенливо вино Prosecco, лимонада и минерална вода.
Дополнителна длабочина на вкус ќе дадат свежите плодови од лимон, како и миризливите листови од неодолив босилек.
Состојки за Limoncello Spritz за две лица:
60 мл ликер од лимончело
60 мл просеко вино
30 мл лимонада
4 листови свеж босилек
½ лимон
малку минерална вода со вкус на лимон
мраз
Подготовка на Limoncello Spritz:
Исечете половина лимон на тенки парчиња,ставете ги во шејкер со листовите босилек и лимонадата. Истолчете ги со толчник за да се осети поубаво вкусот.
Додадете лимончело и мраз во шејкерот и добро измешајте.
Добиената течност процедете ја и поделете ја на две чаши.
Додадете просеко и малку минерална вода со вкус на лимон.
Украсете ја чашата со парче лимон. На здравје!
