Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Емили Ратајковски и пркоси на топлината во (секси!) стајлинг кој ги комбинира најновите трендови и неизбежната ретро естетика…

Манекенката, актерка и претприемач Емили Ратајковски редовно избира модни комбинации кои привлекуваат внимание и ја истакнуваат нејзината беспрекорна фигура. Ова лето нејзин главен адут се парчињата кои комбинираат сексипилност, трендови и ретро естетика, а во исто време пркосат на топлотниот удар. Токму таков „изглед“ неодамна сервираше на улиците на Њујорк и уште еднаш ја потврди ласкавата титула на икона на стилот…

Емили Ратајковски, 31-годишната манекенка, е извор на воздишки каде и да се појави, па сексапилната манекенка не можела да остане незабележана додека се шета низ жешкиот Њујорк во издание кое малку остава на фантазијата.

Прекрасната манекенка продефилира во одлична комбинација составена од предизвикувачки фустан во крем нијанса, кој се издвојува со горен дел „оглавник“ со длабоко деколте што даваше навестување дека атрактивната бринета не носи градник одоздола.

Станува збор за модел со потпис на брендот Mirror Palais, кој се истакнува и со отворен грб, а одлично и поласкал на фигурата на згодната манекенка.

Овој моден сет убавата манекенка го комплетираше со култна чанта која го носи потписот на познатата куќа Paco Rabbane , а се работи за модел од 1969 година со метални прстени чија цена е 975 долари.

Ретро впечатокот од стајлингот дополнително го истакна со сандали од ПВЦ со полна потпетица, а нејзиниот избор конкретно падна на модел потпишан од луксузниот бренд Simon Miller.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement