Познатата германска манекенка Клаудија Шифер пристигна во Хрватска на одмор.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со широка насмевка на јахта,облечена во долг бохо шик памучен фустан од брендот Antik Batik, кој може да се фати во продажба и е голем хит, позира со широка насмевка на јахта.Во описот на фотографијата напишала: ‘Нема ништо како возење со брод во самрак!’ Пред Хрватска уживаше во Италија, на брегот на Амалфи, а објави и серија фотографии.
Некои од нејзините следбеници мислеа дека 52-годишната Клаудија е во Грција, други брзо ги коригираа, објаснувајќи дека зад русокосата Германка на фотографијата се гледаат Срѓ и Дубровник.
Клаудија Шифер беше супермодел во 90-тите, а во текот на нејзината импресивна кариера често беше прогласувана за најубавa женa во светот. Оваа година се навршуваат 35 години успешна кариера во која таа беше заштитно лице на Guess и Chanel, позираше за Playboy, носеше илјадници модни ревии и се појави на повеќе од 1.000 насловни страници на светските списанија.Инаку, Клаудија Шифер од 2002 година е во среќен брак со британскиот филмски продуцент Метју Вон, а покрај нивниот најстар син, 19-годишниот Капсар, имаат и две ќерки, 17-годишната Клементина Попи и 11- годишната Козима Виолет.
