Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дали некој е изненаден? Откриено зошто навистина раскинаа Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон…

Иако прво беше објавено дека Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон имаат премногу обврски што треба да и посветат на својата љубов, проблемот е всушност нешто друго…

Странските медиуми објавија дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон раскинале, а наводно за се е виновен презафатениот распоред на овие двајца познати и успешни личности.

Како што сега пишуваат порталите, ова не е единствената причина, туку улога имала и разликата во години.

  • Пит има 28, а Ким 41, навистина во различни животни фази во моментов – изјавил за Page Six извор близок на поранешната двојка.
  • Пит е целосно спонтан и импулсивен, сака да скокне до Њујорк или каде и да е тоа да е во моментот. Сепак, Ким има четири деца, па тоа не е секогаш изводливо. Таа мора да се фокусира на своите деца – додал неименуваниот извор.

Наводно, ситуацијата не ја олеснува и тоа што бившиот сопруг на старлетата, Канје Вест, тешко го поднесува среќниот љубовен живот на Ким.

  • Кога Ким е со некого, Кање може да направи проблеми со децата. Се обидува да доминира, не може да одолее – вели изворот. – Ким е навистина посветена мајка, а нејзините деца секогаш се на прво место. Таа има потреба од хармонија и дома и во нејзиниот живот.

Кардашијан и Дејвидсон не беа често забележани заедно во последно време, а тие се заљубија кон крајот на минатата година откако Ким гостуваше во една епизода од „Saturday Night Live“ во октомври. Парот потоа имаше сцена со бакнеж, а тој бакнеж наводно предизвикал пеперутки во стомакот на Ким.

-Кога се бакнувавме, бев расположена „ммм“… Тоа беше исцениран бакнеж, но тој ме „допре“ – признала подоцна Ким.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement