Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Базен голем како океан: Освежување во километар широк и 3,5 метри длабочина…

Вака изгледа вториот по големина базен во светот кој се простира на околу осум хектари или колку 11 фудбалски игралишта.

Во еден хотелски комплекс во Чиле се наоѓа еден од најголемите базени во светот, изграден од мултинационалната компанија Crystal Lagoons, кој повеќе личи на океан отколку на базен.

Иако сè уште мислиме дека ниту еден базен не може да се натпреварува со морето, пливањето во овој има мали шанси да ви пречи гужвата во водата. Имено, базенот на приватното одморалиште San Alfonso Del Mar се простира на површина од околу осум хектари, а содржи вкупно 66 милиони галони филтрирано море од Тихиот Океан.

Од тронот на најголемиот базен во светот во 2015 година беше симнат од тронот на хотелот Ситистарс Шарм ел Шеик од Египет, кој со површина од 12,5 хектари е прогласен за најголем, а оваа информација е и во Гинисовата книга на рекорди.

И покрај ова, чилеанското водено чудо сè уште е многу посетено. Фактот дека има максимална длабочина од 3,5 метри покажува дека нема само да се забавувате во него. Во него можете да нуркате, а постои и можност за скијање на вода.

Но, од сите податоци, оној за големината е многу поимпресивен – базенот е голем колку 6000 стандардни базени. Тиркизната боја му дава посебен шарм на целиот базен, а температурата на водата е 26 степени, па затоа е многу поудобно и побезбедно да се плива овде отколку во океанот.

Базенот беше отворен во 2006 година, точно по пет години изградба, а за целиот проект беа потрошени меѓу 1,5 и 2 милијарди долари.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement