Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Жените полудеа по разголените фотографии на Бекам, кои се уште еден доказ зошто тој се наоѓа на листите на најсекси момци на светот!

Дејвид Бекам ужива со сопругата Викторија на јахта, а во кратки шорцеви за капење и без кошула покажа безброј тетоважи и заводливи мускули.Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се одмара на јахта со сопругата Викторија, а овој пат нивната дестинација е Мајами.

Папараците го уловија како се одмара во седечка положба без кошула и во шорцеви, покажувајќи го своето неодоливо добро тело.

Иако има неколку тетоважи, неговите тренирани мускули сè уште се покажуваа. Посебно го забележавме неговиот исончан тен кој одлично му прилега.

Двојката подоцна беше фотографирана со нивните деца и пријатели на ручек и тие видно се насмеани и се забавуваат.

Викторија неодамна на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија на која и двајцата се облечени во црвени комбинации.

Тие позираа насмеани и прегрнати, а Викторија напиша:

Изгледа повторно го инспирирав Дејвид Бекам!

Да потсетиме, Дејвид и Викторија неодамна поминаа неколку дена во Хрватска со своето семејство на островот Лопуд кај Дубровник, а судејќи по социјалните мрежи ја напуштија Хрватска и сега летниот одмор го продолжуваат во Италија.

Бекамови од Хрватска објавија некои содржини од летниот одмор, а фудбалерот беше особено воодушевен од деликатесите кои ги послужија во ресторан.

Пред да замине од Хрватска, Дејвид во своите стории на Инстаграм објави уште неколку кадри од Хрватска, а ги сними и познатите ѕидови на Дубровник, кои го потсетија на популарната серија „Игра на тронови“, која се снимаше во Дубровник.

Судејќи според нивните социјални мрежи, на семејството многу им се допаднала Хрватска.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement